logo

# Сатира

ДОБРО Е! Пандов ќе се облече како пожарникар за да помогне на Кочани!

насловна слика

И кога се изгледаше претерано црно за Кочани и Гевгелија - се појави надеж!

 

За да помогне во борбата со пожарите,  Александар Пандов објави слика на својот фејсбук профил каде е облечен како пожарникар! Тој исто така држеше и големо црево во својата рака и делуваше спремен да гаси секаков оган!

 

"Живот ќе дадам во борба за огнот! Еве, направив цела сесија како се сликам облечен како пожарникар! Ако ова не помогне во борбата против пожарот... не знам што друго ќе помогне! ДА ЖИВЕАТ ПОЖАРНИКАРИТЕ!" - изјави Пандов во интервју со нашиот сајт.

 

Кога го запрашавме дали ќе отиде да помогне на лице место, тој одговори:

 

"Шо? Да помогнам? Хаха, не бе, се сликав, аплоудирав, пишав статус... што поише да праам? Имам закажано дебата на една емисија. Морам да одам, ајде, се брзам! Се гледаме друг пат!" - изјави Пандов за нашиот сајт.

Коментари


Остави коментар