logo

# Сатира

ДОБРИОТ ГЛАС ДАЛЕКУ СЕ СЛУША: Нинџа ќе сведочи на судењето меѓу Џони Деп и Амбер Херд

насловна слика

Професионалниот сведок Александар Василевски - Нинџа, е најновото име што одбраната на Амбер Хард го додаде на списокот со сведоци кои треба да ја потврдат нејзината страна од приказната и да ѝ објаснат на портатата што сѐ се случувало во бракот со Џони Деп.

 

- Од медиумите дознавме дека се работи за вонсериски талент, кој нема проблем да го посведочи она што се бара од него, па поради тоа веднаш стапивме во контакт бидејќи сметавме дека неговата експертиза ќе ни биде од помош. Имајќи предвид дека се работи за еден вид суперѕвезда меѓу сведоците, Нинџа веќе имаше закажано свои настапи на неколку други судења, но за наша среќа тие беа откажани откако авансно му ја исплативме бараната тарифа. Сега останува уште да му кажеме што видел. - рекоа од одбраната на госпоѓицата Херд.

 

Екипата на Кооперација се обиде да го контактира нашиот најпознат и најпризнат сведок, меѓутоа во моментот кога му ѕвоневме тој сведочеше на сосема неповрзано судење надвор од земјава, па се договоривме да не' побара откако ќе заврши со исказот, за што ќе бидете благовремено известени.

Коментари

ogGcGUxUphLv7Dg0LyC50HCLObEfI33lIv0se0yX

Kazhete koga ke bide sloboden da go zemam za mojot sluchaj.

qViEWzFdsXXYH59g05vBkcLXCWP4jHPw3UcbgTSR

Umetnickoto ime mu e mindza


Остави коментар