logo

# Сатира

ДОБРА ВЕСТ НА ДУИ ЗА ДОБРО НА ДРЖАВАТА: Рамиз Мерко оди на диета!

насловна слика

Крај на неизвесноста што ја предизвика највисокото раководство на ДУИ со најавата дека во сабота ќе открие добра вест од која државата, но и партијата ќе имаат голем бенефит.

 

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, оди на диета пропишана од партијата, затоа што неговата хуманост за која пишувавме пред некое време, била протолкувана како алчност, па тоа негативно се одразило на рејтингот на партијата.

 

- Тука никој не ти ја признава добрината. Рамиз јаде на сила за да ги помогне угостителите во време на криза и од тоа доби шеќер, висок холестерол и уште повисок притисок, а тие велат алчен бил. Па човекот разви огромна толеранција на јадење, сега ништо не го најадува. И место да му речат фала за жртвата, тие го плукаат. Неблагодарни луѓе! - нервозно рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

 

За сега не се знае точно која диета ќе ја избере партијата, но како што дознаваме во потесен избор влегле Цитрон диетата, Кето диетата и Аткинс диетата и во сабота членовите на ДУИ ќе можат да го дадат гласот за една од нив. 

 

Експертите со кои разговаравме велат дека ова ќе го врати во кондиција буџетот на државава кој долго време е на климави нозе, под услов Мерко да не се префрли во рестораните за здрава храна и таму да ја продолжи хуманата мисија за помош.

Коментари

GQ4dIGpwWfhlesrMlv77HBpGAjuwFnGo2fnjrkXE

А да го пратет в притвор, малу на Затворска диета....

BLcLhOLBufOOVfDudFptl5X99GKutVxoZQUk4yUO

Грешка си Илче, замастена Јетра му постанала од јадење мрсно, бетер од наркоман му била.

BLcLhOLBufOOVfDudFptl5X99GKutVxoZQUk4yUO

Грешка си Илче, замастена Јетрата му постанала од јадење мрсно, бетер од наркоман му била.


Остави коментар