Познатиот шпион кој во слободно време се бави со политика - Никола Димитров, објави дека е поприлично разочаран што ЕУ не сака да ја прими вашата земја во неа.
"Јас сум изненаден драги гледачи. Изненаден, ви велам! ИЗНЕНАДЕН! Па ако ЕУ не сака да прими недемократска, сиромашна, заостаната и фашистичка земја во своите редови... има ли надеж за оваа Унија?!? ИМА ЛИ!?! ИМА ЛИ - ВЕ ПРАШУВАМ СИТЕ ВАС! Има ли!!!
Па што да повеќе да направиме? Уште колку треба да падне стандардот? Уште колку луѓе треба да бидат отпуштени? Уште колку референдуми да бидат изигнорирани? Уште колку пофашистички да се однесуваме?!? ШТО ПОВЕЌЕ ДА НАПРАВИМЕ ЗА ДА НE' ПРИМАТ ВО ЕУ!?!?! Што повеќе?!?!?" - изјави видно вознемирениот Никола Димитров откако го прашавме за кого ќе навива на Европско, нешто што немаше врска со неговиот одговор.