Диктаторските пориви на Владимир Путин не запираат дури и во 2022 година!!!
Рускиот лидер побарал од Украина да го смени својот устав со цел во неа да бидат ставени Русите!
"Сметам дека Украина е длабоко поврзана со Русија. Нивната историја е поврзана со нашата. Мора Русите да влезат во украинскиот устав. Како за почеток. Не би било лошо и Украина да го смени своето име, а новото име да покаже дека нивната историја е поврзана со нашата. Едноставно не гледам ништо лошо во тоа јас, да се мешам во уставот и законите на Украина. Ми се може!" - изјави Путин.
Оваа изјава донесе жестоки реакции во медиумите, а Џо Бајден изјави дека само психички пореметен човек може да смета дека нешто вакво е паметно, демократско и рационално.
Со сличен став се и неколку невладини организации од нашата земја кои веднаш започнаа кампања - "КАЖИ НЕ НА ДИКТАТУРАТА - ИМАЈ ПОЧИТ!" со која ќе се мотивираат граѓаните на Република Северна Македонија да се борат за сувереноста на Украинската Народна Република.
Освен овие информации, низ чаршијата се шират муабети дека во новата сезона на "Фамилија Марковски" фамилијата ќе се справи со проблемот наречен "Што се дешава кога туѓа држава се меша во суверенитетот на друга држава", а се со цел да се долови диктаторскиот потег на Владимир Путин во 2022.
Се надеваме дека владеењето на овој диктатор и неговите диктаторски потези ќе завршат во скоро време. Да се надеваме.