logo

# Сатира

ДИКТАТОР! ЛУКАШЕНКО ВЕТИ ДЕКА НЕМА ДА ГО ПОЧИТУВА УСТАВОТ НА БЕЛОРУСИЈА!

насловна слика

Срамота е што во 21 век се уште постојат диктатори како Лукашенко. Ако зависи од нас, екипата на Кооперација нема ни да пишува статии за овој злобен човек, но сепак, наша работа е да ги пренесуваме вестите.

 

Имено, диктаторот од Белорусија јавно и недвосмислено вети дека нема да го почитува уставот на Белорусија, а со тоа, според нас, ја оправдува секоја воена реакција која ќе биде направена за да биде лишен од власт и слобода.

 

"Не. Нема да го почитувам уставот на Белорусија. Нема да почитувам договори што ги потпишувам. Не ми е гајле за законот или било што. Дури и ќе внесам промени во образованието и јас ќе решам што ќе учат децата. Можеби ќе учат за мене? Што да не. Ќе го сменам и уставот и така, се што правам а е погрешно... ќе биде уставно. Не може да те обвинат за противуставност ако уставно изгласаш дека противуставноста е уставна. Ти текиња? И да, реално, се гледам со амбасадорот на Русија во Белорусија. И тој ми кажува што се плановите на Русија за земјава. Да, има странско влијание во земјава и Русија ми кажува што да правам. Што ќе ми кажат странците, тоа го правам. Ми се може бе. Ми се може." - изјави Лукашенко.

 

 

Можете ли да замислите како им е на жителите на Белорусија? Замислете да живеете во држава со ваков лидер? 

 

Страшно.

 

Ние не можеме да замислиме нешто вакво.

 

Не можеме.

Коментари


Остави коментар