Една од најпопуларните турнеи низ целиот свет - познатиот DICTA Tour на Зоран Заев и СДСМ продолжува во соседната Северна - Кореа.
Имено, Зоран Заев ќе се сретне со лидерот на Демократската Народна Република Кореја - Ким Јонг Ун.
"Ни фалат вакцини. Вучиќ ни даде вакцини, а ни даде вакцини и Ердоган. Сега и Ким Јонг Ун сака да ни даде вакцини. Сите држави сакаат да помогнат на нашава земја, доказ дека правилен потег направивме кога не го почитувавме референдумот и уставот. Само убавини се дешаваат. Им благодариме на северните браќа за помошта" - изјави Зоран Заев при средбата со Ким Јонг Ун.
Кога го запрашаа што мисли за Ким, Заев кажа:
"Хаха, обожавам ким на храна... хаха мала шала, се зафркавам хаха, ја обожавам Кардашијан.... хаха, пак се шегувам, ме фативте хаха. Одличен човек е. Ако некогаш сум кажал дека е диктатор најверојатно сум се шегувал исто како и сега, гледате дека обожавам шеги. Ајде да го баталиме минатото" - изјави Зоран.