logo

# Сатира

Десната рака на Зоран Заев со своите ставови ја потресе Македонија!!!!

насловна слика

 

А еве и вест што сите ги шокира! Во време кога сите вести делуваат веќе предвидливи, конечно излезе вест што ги шокираше сите!!!

 

 

Имено, десната рака на Зоран Заев проговори!!!

 

 

"Луѓе, жими се ви велам, ова се случи. Значи, јас бев уморен, и тамам да легнам да спијам... кога раката почна да ми говори! Десната рака! Почна да збори!!" - изјави Зоран Заев

 

 

Ескперти велат дека најверојатно му се причинило на премиерот кој поради умор почнал да замислува дека неговата рака имала ставови и можела да говори, но има и такви кои веруваат во оваа вест.

 

"Да, да, ја читав на интернет, имало некоја баба таму кај Прдејца лечела. Гледала на гравчиња, баела против уроци, правела магија како да се заљубат во вас, лечела курје око... некоја таму Перса, ептен видовита била, ја слушнав дека на некој чоек у Куратица ногата му зборела. Секакви работи има низ светов синко, слушај што ти зборам, ја верувам дека десната рака му прозборела..." - изјави еден дедо што седна до мене во автобус.

 

Коментари


Остави коментар