Градоначалничката на град Скопје денеска ги израдува скопјани со вест за бесплатен превоз во ЈСП! Кончено, нејзините предизборни ветувања ќе станат реалност и тоа до крајот на месецов!
Оваа информација градоначланичката ја дознала од сопругот кој пак ја дознал од претседателот на Франција - Емануел Макрон.
"Ме прашуваат луѓево кога ќе биде бесплатен превозот во ЈСП. Им кажувам цело време дека немам појма. Јас сум градоначалничка од кај да знам такви работи? Преку глава ми беше се и бев спремна да почнам да игнорирам такви прашања... кога добив помош од еден пријател. Кастриот Реџепи, можеби го знаете. Ми кажа да си го прашам сопругот, случајно тој да не знае нешто? Дека во неговиот дом така функционирале со сопругата, па ми препорача истиот метод да го пробам и јас. И погодете што? Функционира бе! Стварно! Го прашав сопругот до каде е ситуацијата со бесплатно возење во ЈСП и тој имаше одговор. До крај на месец ќе биде. Така рекол Макрон на телевизија. Не бе, Макрон е цар, нема што не знае, се знае, претседател на ЕУ земја е тоа, не е шала!" - изјави Данела Арсовска во интервју за нашиот сајт.