Со секој поминат ден се повеќе се вжештуваат битките помеѓу кандидатите за градоначалник на Скопје!
Најновиот скандал излезе кога Данела Арсовска, кандидатката на ДПМНЕ, го обвини Петре Шилегов, кандидатот на СДСМ дека тој и ја украл буквата "И" од нејзиното име!
"Не знам дали сте виделе, ама многу луѓе пишуваат дека се викам Даниела. А ова не е вистина. Моето име во лична карта е Данела. Без И. Но сепак, насекаде луѓе ме ословуваат како Даниела. Е сега, се поставува едно ептен битно прашање - КАДЕ Е ОТИДЕНА БУКВАТА "И" ?!?!
Јас се сомневам дека Шилегов ја украл! Толку години беше градоначалник и ептен краде! Сигурно ја зел и буквата од моето име! Како не му е срам!" - изјави Арсовска.