Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, која преку ноќ остана без најголемиот дел од директорите на скопските јавни претпријатија, пред малку ја информираше јавноста дека, по неколкуминутна интензивна потрага, успеала да ја пронајде вистинската личност што ќе дојде на нивно место и далеку поефикасно ќе ја работи нивната работа.
- Се работи за млада, но неверојатно успешна и способна личност, која се докажала и на домашен, и на меѓународен план. Нејзиното искуство пред ТВ камерите, како и десетиците работни места по разни државни институции, а најмногу успешното менаџирање со повеќе плати одеднаш, многу ќе му помогнат на градот. - рече Арсовска.
Идентитетот на оваа мултиталентирана личност за сега се држи во тајност и ќе биде откриен тогаш кога градоначалничката ќе добие поддршка за стабилно мнозинство од партијата на која е член генијалката, која во иднина ќе биде неколкукратна директорка.