logo

# Сатира

Данела потврди: РЕШЕН Е ПРОБЛЕМОТ СО ЛЕНИН!

насловна слика

Одлични вести за сите загрижени Скопјани, Скопјанки, обожаватели на трговскиот центар Скопјанка и сите останати што се чувствуваат како да се од Скопје.


Женскиот татко на градот потврди дека е решен проблемот со Ленин!

 

Имено, екипата на Кооперација стапи во контакт со градоначалничката на главниот град со цел да дознаеме дали може да се очекува решение на проблемот во градот и дали е отворена да седне на заедничка маса со Ленин.


Таа ни даде потврден одговор и ни кажа дека нема за што да се грижиме бидејќи проблемот со Ленин е решен.

 

"Нема потреба да се грижите. Проблемот со Ленин е решен. Гледам и други периодов нешто се плашат од ленинизмот, но нема потреба. Ленин починал на 21 јануари 1924. Нека не ви е страв од Ленин, Сталин, Маркс, Енгелс, Тито или Елвис Присли. Сите овие се мртви." - изјави Данела пред да ни спушти.

 

Ете, добри вести, нема потреба да се грижиме за Ленин!

Коментари


Остави коментар