logo

# Сатира

ДАНЕЛА: ОД ТРИЕСЕТТИ ОВОЈ МЕСЕЦ ЗАПОЧНУВА БЕСПЛАТНИОТ ПРЕВОЗ ВО ЈСП!

насловна слика

Конечно имаме одговор кога ќе биде исполнето најголемото предизборно ветување на градоначалничката на Скопје!

 

Данела Арсовска изјави дека од триесетти месецов ќе започне акцијата за бесплатен превоз во автобусите на ЈСП за сите граѓани на Скопје, проект на кој таа е поприлично горда.

 

"Многумина велеа дека давав празни ветувања во предизборната кампања и дека нема да ги исполнам. Но, верувам дека на триесетти месецов голем број од хејтерите ќе бидат замолкнати и се што ќе им остане е да се возат. И тоа да се возат во автобусите на ЈСП. И тоа бесплатно. Токму така, проектот кој го ветував пред неколку месеци ќе стане реалност! Бесплатно возење во ЈСП за сите жители на Скопје! Уште еден остварен проект! Продолжуваме понатаму!!!" - изјави градоначалничката по што напушти пред ние новинарите да успееме да и објасниме дека овој месец нема триесет денови.

 

 

Коментари

BDWoW6A4v0UqBFQgck7UYYN5GNZdlWBp3CLwgGow

Ovoj triesti?????? Hahaha


Остави коментар