logo

# Сатира

ДАНЕЛА НАЈАВУВА! ДРВО-АВОТБУС-СПОРТСКА САЛА!

насловна слика

Кој вели дека ветувањата на кандидатите за градоначалници се повторуваат од избори во избори?

 

Наместо да ветува нови автобуси, многу засадени дрвја и спортски сали - Данела Арсовска реши да ги скрати своите ветувања и да намали со празни зборови! За да го направи тоа таа реши да вети само една голема кампања: "ГЛАСАЈТЕ ЗА МЕНЕ И ВО СКОПЈЕ ЌЕ ИМА ДРВО-АВОТБУС-СПОРТСКА САЛА!!!"

 

Имено, кандидатката за татко на градот (ваљда, мајка, а?) најавува дека ќе го наполни градот со илјадници дрво-автобус-спортска сали! 

 

Станува збор за прогресивен потег кој ќе го наполни градот со автобуси создадени од дрва, а внатре во автобусот ќе се одржуваат спортски натпревари!

 

"Наместо да ветувам автобуси, спортски сали и многу засадени дрва... решив да ветам една работа што ги опфаќа сите овие работи! Ако мислите дека ова не ги опфаќа сите ветувања во едно... чекајте да чуете дека дрвата ќе помогнат со чистиот воздух! ДА! Токму така! Ветувам дрво-автобус-спортска сала-чист воздух! Нова иновација што верувам дека можеби и ќе ми донесе Нобелова награда, слично како и Заев што за малце ќе добиеше!" - изјави Данела.

Коментари


Остави коментар