logo

# Сатира

Данела Арсовска: БЕСПЛАТЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ КОГА ЌЕ ВЛЕЗЕМЕ ВО ЕУ ИЛИ КОГА ЌЕ ЗАВРШИ КОВИД!

насловна слика

Конечно имаме одговор на прашањето што ги мачеше Скопјани во изминатиот период.

 

Данела Арсовска, која ветуваше бесплатен автобуски превоз за граѓаните во својата предизборна кампања, конечно даде одговор кога граѓаните ќе може да ги користат услугите на ЈСП бесплатно.

 

Имено, според градоначалничката на Скопје, бесплатниот превоз ќе биде тогаш кога ќе влеземе во ЕУ.

 

"А чекајте, вие мислевте одма ќе биде тоа? Не, не, си има распоред. Дали кажав 100% сигурно дека ќе има бесплатен автобуски превоз ако станам градоначалничка? Што? Кажав? Хаах, па не е баш 100%, повеќе е као... 99%. Значи треба прво да се решат работи, да се потпишат договори, па да се види нешто... ајде, после празнициве ќе праиме муабет. После празнициве ќе биде бесплатно. Или кога ќе се реши КОВИД. Или кога ќе влеземе во ЕУ. Така нешто... да, да, така нешто. Ајде, се брзам, имам интервју на ТВ сеа, јубилејно, осмо во денот. Ајде, се брзам, се глеаме друг пат." - изјави Данела во јубилејното, седмо интервју во денот за неа.

Коментари


Остави коментар