logo

# Сатира

ДАНЕЛА: АКО НЕ ПОБЕДАМ НА ИЗБОРИ, СО БУГАРСКИ ПАСОШ ЌЕ ОДАМ НА ЕВРОВИЗИЈА!

насловна слика

Конечно! Кандидатката поддржана од страна на ВМРО-ДПМНЕ се појави со свој коментар за нападите кои доаѓаат кон нејзина страна од СДСМ!

 

Владејачката партија вели дека Данела има Бугарско државјанство, факт што сериозно ги повреди нејзините шанси на изборите за градоначалник за Скопје! 


Сега, Арсовска вели дека има втор кариерен план што би станал реалност ако таа изгуби на изборите.

 

"Ќе одам на Евровизија. Како Васил. Он добро помина со двојното државјанство. Зошто да не можам и јас? Он чув дека го привлекуваат мажи и наводно тоа помагало да освоиш поени на Евровизија? Па и мене ме привлекува машкиот пол. Пред да стане претставник за Евровизија немаше ниту еден хит во овој милениум? Ни јас! Ви велам, перфектен избор ќе биде за мене да отидам на Евровизија. Можам да направам бенд со Бени Шаќири и Перо Камиказа, да се викаме "Поразените градоначалници". Мислам дека тоа е добра идеја. Интересно е името. Ќе видиме, нека завршат прво избориве..." - вели Данела за нашиот сајт.

Коментари


Остави коментар