Екипата на Кооперација повторно во акција да го направи светот подобро место за живеење.
Овој пат, освен тоа што со својата минимална плата немаат пари да го загадат светот, нашите новинари се решија да направат истражување за да дознаат дали најголемиот непријател и причина за 0.0005% од загадувањето во светот - пластичните кеси што ги користат сиромашните граѓани во Македонија - се главната причина за катастрофата со модуларната болница во Тетово.
Го прашавме актуелниот министер за здравство Венко Филипче за евентуалната поврзаност на овие две работи, а тој ни кажа:
"A бе ќутете, не го потсетувајте народот за ова. Ќутете, тамам заборавија луѓево за болницата, за жртвите и за мојата оставка... не ги потсетувајте, не е битно од што е. Да. Од кесите нека е. Задоволни? Да, од кесите се жртвите. И твојата мала плата ради кесите е. И загадувањето во светот е ради кесите. Ајде, битно е да градиме здрави навики. Како давање оставка поради морална одговорност. Како почитување на референдуми. Здрави навики. Ок? Задоволен си со одговоров? Ај, гитла сеа"