logo

# Сатира

Дали е се уште жив?!?! Овој човек има ФБ профилна "Слушај го Венко"

насловна слика

Фамилијата на 38 годишниот Ф.В. е видно загрижена откако приметиле дека на фејсбук профилната на господинот се уште стои рамка која вели "Слушај го Венко"

 

Ова навистина ги загрижило блиските на Ф.В. и почнале да се грижат за здравјето на гореспоменатиот господин.

 

"Пријатели сме долго време. Уште од мали. Арно ама, знаеш, со тек на време се помалку време имаме за да останеме во контакт. Веќе година дена се немаме видено, јас работев во странство и немав шанса да се видам со него. Деновиве му го отворив фејсбук профилот за да видам што се случува и... гледам дека на фејсбук профилната уште му стои рамка што вели да го слушаме Венко! Се шокирав и загрижив! Сигурно нешто не е во ред со него! Не знам зошто било кој се уште би имал ваква рамка на својот фејсбук профил!" - изјави пријател на исчезнатата личност.

 

Со слична загриженост е и неговата мајка, која вели:

 

"Ах, синко... Кој знае што му се случува. Не користам јас такви фејсбуци мејсбуци, еднаш годишно дали се пуштам. Еве, пред некој ден сакав да му пишам, да го прашам како е и што е... и што да видам! На профилната слика имаше рамка што вели "Слушај го Венко". Веднаш се загрижив и пријавив во полиција. Сигурно нешто му се има случено, не знам зошто се уште некој би сакал да му стои ваква рамка на неговата профилна."

 

Сепак, приказната заврши позитивно, откако господинот бил пронајден од властите.

 

"Ме најде полиција. А уствари јас не се ни криев. Решив кога започна пандемијата да се концентрирам на моите хобиња и да престанам да се логирам на фејсбук. Тогаш беше кул да се верува на Венко, а сите што велеа контра тоа беа платеници од ВМРО. Нели, ја немам врска со политика па реков да правам тоа што прават сите. У живот имам само две рамки ставено - една за Шарена револуција и еве, оваа сега за Венко. Се немам пуштено на фејсбук и подобар ми е животот. Почнав да се занимавам со гоблени. Подобар ми е животот без интернет и без следење на политика. Мило ми е што моите пријатели и членови на фамилијата се загрижиле за мене. Ќе седнеме на кафе деновиве да си разговараме. Него... кога сте веќе тука. Што испадна со тој Венко бе? Изгледа ко ок човек. Од доверба и морал. Човек со одговорност. Го реши тој Ковидот?" - изјави исчзезнатото лице кое нели, повеќе не е исчезнато.

 

Битно приказната има среќен крај!

 

 

Коментари


Остави коментар