Предвидувањата на Баба Ванѓа секоја година се докажуваат како вистинти. После стотиците точно предвидени настани, екипата на Кооперација прашува - дали Баба Ванѓа пред својата смрт предвиде дека во 2025 Владо Бучковски ќе седне на преговарачка маса да преговара за "трејд" понуда во која ние ја добиваме тврдокорната македонска пророчица Баба Ванѓа (родена во Струмица), а Бугарите ќе ја добијат шансата да го слават наделеку прочуениот Грчки херој Гоце Делчев (роден во Кукуш)?
Најверојатно не го предвидела тоа, но многу побтно е....
ДАЛИ БАБА ВАНЃА ЈА ПРЕДВИДЕ ТИТУЛАТА СВЕТСКИ ПРВАК НА МЕСИ И АРГЕНТИНСКАТА РЕПРЕЗЕТНАЦИЈА???
"Двасет. Дваесет и два.
11 метри ќе бидат пресудни за судбината на светот.
Така велам ја.
Пред него ќе се поклони - Арапски, кметот.
По висина ко Бонапарта,
Ќе владее со светот, борбен како Спарта.
Лавовско име. Ќе владее во зиме."
Дали со оваа рима се предвидува светската титула на Меси?????
Дали со делот "Двасет. Дваесет и два. 11 метри ќе бидат пресудни за судбината на светот." Баба Ванѓа предвидела дека во 2022 година ќе има пенали од 11 метри кои ќе бидат пресудни за шампионската титула???
Дали со делот "Пред него ќе се поклони - Арапски, кметот." Баба Ванѓа предвидела дека Арапските лидери ќе го крунисаат Меси со титула на светското првенство во Катар???
А дали со делот: "По висина ко Бонапарта, Ќе владее со светот, борбен како Спарта. Лавовско име. Ќе владее во зиме." Баба Ванѓа вели дека спартанската храброст на овој низок лик ќе му донесе светска титула? Дали во делот "Лавовско име." таа предвидела дека баш ЛЕО ќе биде шампион? Дали го предвиде и тоа дека ова ќе биде првото светско првенство што ќе се игра во зима со делот "Ќе владее во зиме." ???
...секако дека не, го измисливме ова сега за пет секунди.
Дај не кликајте на секакви статии што зборат за Баба Ванѓа, мислам не е ваљда дека женава предвидела БУКВАЛНО се и сешто, ваљда и она си рекла "Ок е, 2022 е далеку, ќе предвидам до 2012 т аму негде 21 декември нека биде, ме мрзи да гледам подалеку" или шо ти знам...