logo

# Сатира

Да не се бунат србите: ГРАДСКИ СТАНУВА "АФРИМ ГАШИ АРЕНА"

насловна слика

Добро е да се размислува за иднината.

 

Затоа, со големи насмевки ја дочекавме одлуката на владата повторно да го преименува името на Градскиот стадион во Скопје.

Поранешната арена "Филип II", а сегашна "Тодор Проески" ќе биде именувана "Африм Гаши", а се ова е со цел во иднина Србија да не ни мавне вето за влез во ЕУ!

 

"Видете, како политичар мора да размислувате неколку чекори унапред. Ете, Грците ги решивме. И после што се деси? Бугарија ни мавна вето. Што е следно? Логично, ако ги решиме Бугарите тогаш и Србија ќе ни удри вето. Затоа сакаме уште од сега да раскрстиме со национализмот. Тоше Проески? Што ако бил Србин? Од кај да знаеме? Агентката му е од Србија. Пееше песни на српски. Гостуваше во српски емисии. Можда и женска имал од Србија? Па тоа е поголема поврзаност него ли што знамето од Кутлеш има со Грција или Гоце Делчев со Бугарија!!! Па сто посто Србија ќе ни мавне вето за Тоше и ќе смета дека стадионот е провокација. Затоа, паметно. Го менуваме името на стадионот, избегнуваме проблем за 50 години од сега, а плус и се зголемува мнозинството во владата што ќе донесе стабилност на државата. Логично, зарем не?" - изјави Зоран Заев.

Коментари


Остави коментар