logo

# Сатира

Да не остане покусо: СВР Неготино свечено пушти во употреба ново сунѓерче за миење садови

насловна слика

По примерот на своите колеги од соседно Кавадарци, кои вчера ја подновија полициската станица со нов фрижидер, СВР Неготино денес го пушти во употреба новото сунѓерче од марката „Виледа“, донација од Полицискиот синдикат.

 

На церемонијата присуствуваа голем број високи функционери, помеѓу кои и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој им ја честиташе модернизацијата на неготинчани и од име на министерството им подари пакет детергенти за миење садови.

 

Свеченото намокрување на сунѓерчето требаше да се случи во 12 часот, но поради проблеми со водоводната мрежа во Неготино, тоа е презакажано за идната недела.

Коментари

zRUIwM7UAqLePSucPsR8DUTkmCX2GSeYjwNKHbVc

Ха ха ха ха

halSC6eosVFf5MQeOqPhof2MZ1EM0xC2B7FaOWmu

а браво...хахаха

P9MlnCIQAZJn38r9juTYKWSiJPG46bhIiFW0a6Da

Можеле да го натопат во в.ц.шоља

Илинка

а ништо не се пофалија за Палома 24/1 3 слојна , комплет тојлет папир- шо би рекол зоки


Остави коментар