logo

# Сатира

Цветан Трипуновски ќе ја режира новата сезона на The Office

насловна слика

Техничкиот заменик министер за земјоделие, кој се прослави со видеото во кое ненајавено ја проверуваше спремноста на македонската администрација, е поканет да биде режисер на новата сезона на ултрапопуларната серија The Office.

И покрај тоа што серијата престана да се емитува пред седум години, еден од продуцентите случајно налетал на клипот на заменик-министерот и во него го видел се’ она што му е потребно за да ја врати во живот.

Ова е голем успех за македонската кинематографија, но и за заменик министерот, кој ќе има шанса својот талент за создавање ситуации во кои луѓето се чувствуваат непријатно, да го покаже пред меѓународната јавност.

Коментари


Остави коментар