Нов пресврт во преговорите на нашата земја со Бугарија!
Откако сите мислевме дека Бугарија бара промена на нашиот устав, историја, учебници и реалност - Румен Радев, претседателот на нашите источни соседи со нови барања кои се косат со се што очекувавме!
Како што разбира нашата редакција, господинот Радев ја бара раката на ќерката на нашиот премиер.
А и остатокот од телото заедно со раката, се во една целина, а не исецкано, бидејќи сепак претседателот на Бугарија не е психопат.
Тој дошол до оваа идеја откако дознал дека Заев ја ветил својата ќерка за синот на Ципрас во преговорите на Република Македонија со Грција.
"Има ли ќерка тој Ковачевски бе? Нешто? Братучетка? Тетка? Нешто се наоѓа? Еве, имам ја сингл роднини у фамилија... ама па и да немам, еве шо ми фали мене? Симпатичен сум, држеч, имам сила. Порано вака се зајакнувале врските меѓу две држави. Еве Ковачевски ми вика Гоце Делчев ќе ми го даде. Шо ќар имам ја од Гоце, дај ќерката нека ми ја вети. Нешто спомна и за јазикот... не знам за чив јазик збореше, се надевам за јазикот на ќерка му. Ќе се видиме пак деновиве, ќе му спомнам. Ако можат Заев и Ципрас можеме и ние двајца." - кажа Радев во разговор со еден од нашите новинари.