logo

# Сатира

Цукерберг им ги враќа фотографиите на сите кои споделија изјава!

насловна слика
Сопственикот на социјалната мрежа Фејсбук Марк Цукерберг го одржа ветувањето и им ги врати фотографиите на сите корисници кои споделија изјава на својот профил дека не дозволуваат своите фотографии, информации, пораки или објави да бидат превземени и користени од страна на фејсбук. За жал, таква среќа нема да имаат останатите корисници на Фејсбук кои од немарност не ја споделија оваа изјава, па сега нивните фотографии се оставени на милост и немилост на сопственикот на Фејсбук. “Еве нашите екипи деноноќно работат на превземање на фотографиите и останатата содржина на нашите корисници. Ова со изјавите многу ни ја отежна работата. Замислете како им е на моите вработени… Си скрола, си превзема фотографии… и одеднаш … фап… гледа изјава! По потоа, све што е превземено треба да им враќаме назад, па да бришеме… макотрпна работа. Да знаев дека вака ќе биде немаше воопшто да го почнувам бизнисов со Фејсбук. Не сотреа начисто со изјавиве!“ - изјави револтирано Марк Цукерберг.

Коментари


Остави коментар