logo

# Сатира

ЧУДО: Вработен во Министерството за политички систем се појавил на своето работно место

насловна слика

Во Министерството за политички систем, познато и како Министерство за духови затоа што и покрај тоа што има 1400 вработени најчесто е запуштено, денес се случи неверојатен феномен, кој поради својата реткост со сигурност ќе влезе во учебниците по историја. 

 

Од извори блиски до фирмата задолжена за обезбедување на зградата дознаваме дека денес, околу пладне, на работа се појавило лицето А.Ш., вработено како заменик на вишиот референт за менаџирање со ветер и магла, чија појава не ја забележал никој жив затоа што во тој момент министерството било празно, освен камерите кои засекогаш го зачувале овој историски момент.

 

Кооперација стапи во контакт со вработениот, кој ни призна дека вистинската причина за доаѓањето на работа биле очила за сонце, кои ги заборавил на биро уште летото, но и покрај ова Владата го пофали неговиот напор и ги повика и другите вработени да проверат каде им се очилата. 

Коментари


Остави коментар