Ниту натчовечките напори на медицинскиот персонал во битолската болница не го спасија од сиромаштија пациентот Цветко Ж., кој и после неколку неделното лекување на едно од одделенијата таму, успеа да остане жив и да ја напушти болницата релативно здрав.
- Големо фала до докторите, сестрите, болничарите...кои не ме забележаа дека сум нивни пациент и со тоа ме спасија. Да не беше нивното невнимание и негрижа, којзнае дали денес ќе бев жив. - рече медицинскиот феномен Цветко Ж.
Честитки за овој неверојатен успех на државното здравство, а воедно и еден од најретките медицински феномени во земјава, пристигнаа и сѐ уште пристигнуваат од нашите стратешки партнери во ЕУ, НАТО, СЗО и многу други.