Коби реко "Чуда да се десе"? Можеби.
Но знаеме дека никој не очекуваше нешто вакво!
Имено, симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ сфатил дека не е најлошата работа во свет да се критикуваат лоши и недемократски одлуки на владата.
С.Ф. од Пешталево, вели дека оваа работа му се јавила на сон кога светец му рекол дека треба да почне да критикува лоши работи кои ги прави власта.
"Чудо. Навистина чудно, ама ете... се случи. Јас со години велев дека само идиоти ја критикуваат власта. Секој што ќе кажеше нешто за поранешната власт го сметав за глуп човек... ама еве, сега после неколку години... се сменив! Ми се јави на сон еден светец... и ми кажа дека било добро критикување на власта... и еве, стварно, почнав да ја критикувам власта... и добро било бе! Стварно, ретко кој можеше да претпостави нешто вакво ама ете... се случваат чуда!!!" - изјави С.Ф.