logo

# Сатира

ЧУДО НА НАУКАТА: Овој човек уште верува во Преспанскиот договор и не е во лудница!

насловна слика

Кој вели дека нема ситуации во државава кои се спремни да влезат во Гинисовата книга на рекорди по својата уникатност?

 

Имено, штотуку беше пронајден човек кој се уште верува дека Преспанскиот договор е добар, не е противуставен, не е недемократски и верува дека се што се случува поврзано со него е паметно и добро.

 

"Да, вистина е. Македонец уште верувал во договорот. Му ги проверивме зениците, му го проверивме здравјет, проверивме се. Не е премногу забеган човек. До сега сме имале и други луѓе што тврдеа дека договорот е добар за државата и само го потврдува се што е македонско. Ама сите тие луѓе исто така тврдеа и дека се реинкарнацијата на Наполеон или Џингис Кан и најчесто беа затворени во институцијa за луѓе со психички проблеми. Овој човек беше прв таков кој слободно се шета меѓу нас.


Инсистираше дека договорот го зајакнува идентитетот и инсистираше дека со тој договор се што е македонско останува македонско. Му рековме за смената на Македонската Опера и Балет, Македонски Пошти и уште неколку примери. Му рековме дека Грција се бунеше дека господинот 33 рекол "македонска репрезентација", ама тој се уште тврдеше дека овој договор е добар и дека само го зацврстува идентитетот. Ни кажа дека е добро. Гласал за Европска Македонија, за влез во ЕУ, за здравствени услуги за сите, за немање на недостаток на свидетелства, финансии или пасоши. Му рековме дека ништо од ова не е вистина, а тој само испушти еден чуден звук и почна да ни вика дека сме Руски хакери. Навистина е жално да се гледа човек што ќе изгуби ваков контакт со реалноста, се надеваме дека ќе најде помош, а сега за сега може да го ставиме во книгата на рекорди." - изјави научникот што го прегледуваше ова чудо на природата.

Коментари

hBZGRSwzbTL39cuIVurYmA63LUcfGusIduqYpWWu

хахаха.. од друга страна , опасно е што цела една екипа е убедена во тоа, а нема место по душевниве болници, па лута слободно од влада, до парламент, па до локален штаб итн, итн ....


Остави коментар