logo

# Сатира

ЧУДНО! НЕКОЈ ЧОВЕК СЕ СЕЌАВА НА НЕКАКВА ТРАГЕДИЈА СО АВТОБУС???

насловна слика

Чудно и мистериозно!

 

Екипата на Кооперација.мк дозна за постоењето на некој човек што се сеќава за некаква наводна трагедија со автобус?

 

Имено, станува збор за граѓанин на Скопје кој ни испрати мејл за да не праша до каде стигна работата со одговорност, дали министерот за транспорт и врски ќе даде оставка, дали фирмата што работела без лиценци еќ биде казнета, дали ќе има сериозна проверка и на сите останати фирми, до каде се протестите во борбата за правда и уште неколку други прашања.

 

Екипата на Кооперација беше поприлично збунета од овој мејл и помисливме дека станува збор за шизофреничар, па затоа го посетивме господинот во неговиот дом. Еве што имаше тој да каже:

 

"А бе... имаше... автобус? Нешто? Несреќа? Во Тетово! Да! Во Тетово беше! И.. имаше... проблем со лиценца? Нешто? И... аа не! Ми текна! Не беше Тетово! Беше во... во... во Бугарија уствари! Да... и... имаше... ах, ми се мешаат работите... ама имаше! Сите збореа за тоа! Главна тема беше!!! Верувајте ми!" - извикуваше овој кутар господин додека ние збунето го гледавме.

 

После средбата, очигледно станува збор за човек со нарушено психичко здравје.

 

Па пообогу, дали овој човек мисли дека нешто вакво така лесно би било заборавено од јавноста?!?

 

Се надеваме дека надележните ќе успеат да му помогнат и дека овој човек ќе биде во најдобар ред во скоро време и ќе почне да зборува за сегашноста, а не за некои си таму работио од далечното минато што можеби и не ни постоеле, од кај да знаеме?

Коментари


Остави коментар