logo

# Сатира

Чудно! Човек се бори против неправдите во Скопје, а не и Македонија

насловна слика

Па добро, битно се бори!

 

Екипата на Кооперација стапи во контакт со 27 годишниот В.В. од Скопје кој во последните неколку месеци гласно се бори против неправдите и лошите страни во градоначалствувањето на Данела Арсовска.

 

Според него, навистина е битно народот да се бори за неправдите и секогаш треба да се биде критичен кон луѓето кои ја имаат моќта.

 

"Па мора да бидам критичен. Ако некој има моќ да поправи нешто и прави спротивно од тоа.. логично е да си критичен. Нема да се ослободат од вакви слободоумни граѓани како мене! Секогаш ќе ги потсетувам за тоа што го ветија и се што не исполнија! Мора да се бориме за правдата! Живеам во Скопје - секако дека ми е битно што се случува!" - изјави господинот за нашиот сајт.

 

Откако го запрашавме дали истиот став го има и за владата на Македонија тој го кажа следново:

 

"Е да бе... се на мене чекате? Овај...а бе... види... а зашто бе да се борам против владата на нашта земја? Еве... еве, ќе останам само оваа градоначалничката од ВМРО да ја критикувам... Нели, не дека има врска од која партија е... ама ете, подобро е да ја критикувам градоначалничката на Скопје, наместо целата влада. Немам енергија за премногу да исправам правдини.. овај... ам... се брзам, скутерот на поправка ми е, треба да одам да го зеам. Ајде, поздрав, се глеаме друг пат."

Коментари


Остави коментар