- Толку добар диазепам си купив, што уште не можам да се смирам од возбуда.
- Требаше да го излечат, ама здравје друг пат.
- Денес медицината е толку напредна, што човек не знае од што да умре попрво.
- Го спречив лекарот да ме прегледа. Подобро е да спречиш отколку да лечиш.
- Си ги купив најдобрите апчиња за спиење. Сега од радост не можам да спијам.
- Ако патиш од несоница, отспиј малку, ќе ти помине.
- Не грижете се поради тоа што со месеци чекате за лекови. Времето е најдобар лек.
- Докторот вели дека сум нормален, ама не сум луд да му верувам.
- Да не реагираа лекарите правовремено, мртовецот на ништо не ќе личеше.
- Кога го пуштија од лудницата, полуде од среќа.
- Кога слушна дека ќе му ги ампутираат, му се пресекоа нозете.
- Човештвото напредува толку многу, што денес луѓето се убиваат на многу хуман начин.