logo

# Сатира

Човекот што се врати од Германија се откажа - "ЌЕ СЕ ВРАТАМ У НЕМАЧКА!"

насловна слика

Живеење во Нашата земја - не е за секого!

 

Господинот што пред нешто повеќе од еден месец се врати во земјава кога чу за минималецот од 18 илјади денари сепак се врати во Германија!

 

Тој вели дека не му се чекало долго време за добивање на 18 илјади денари и особено е разочаран од цените на зејтинот, брашното, бензинот и се останато.

 

"Сеа сфаќам зошто Турците напуштиле. Ова не се трпи. Сите цени се поскапени бетер од зголемувањето на платите. Ни 642 јубилеен датум за ЕУ не добивте. Срамота! Ќе се враќам у Немачка. Не ме барајте пак да се вратам. Арбајтен. Дојчленд. Отидов. Чао!!!" - изјави господинот во краток телефонски разговор со нашиот сајт.

 

  

Коментари


Остави коментар