logo

# Сатира

ЧОВЕК ТВРДИ ДЕКА ИМА СЛИКА ОД ИСЛАМ АБАЗИ!!!

насловна слика

Дали ја имаме првата слика од новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција???

 

Според еден граѓанин од Скопје - ДА!!!

 

Имено, оваа вечер во редакцијата на Кооперација стигна плико во кое стоеше сликава:

 

 

A освен сликата, пронајдовме и лист на кој пишува:

 

"Ова е слика од Ислам Абази. Новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Не ме прашувајте како ја најдов. Во шума беше, он пешачеше, а јас се скрив и ја направив оваа слика. Барам пари во замена за оваа ексклузива."

 

Екипата на Кооперација не е сигурна дали е ова навистина слика од Ислам Абази или некој се зафркава со нас.

 

Можеби е слика од него, а можеби и не е.

 

Прашавме неколку луѓе да ни потврдат, но сите до еден ни одговорија дека немаат појма како изгледа Ислам Абази.


Затоа и ја пренесуваме оваа слика, бидејќи можеби ова на сликата е Ислам Абази??? 

 

Како и да е, можеби не знаеме како изгледа Ислам, но ако ништо друго знаеме дека ислам... значи остојам.

 

Коментари


Остави коментар