Вонредни вести!
Екипата на Кооперација во моментов се наоѓа во домот на С.К. неутрален и политички неопрделен член што гласа за СДСМ на последните 10 избори.
Имено, С.К. во последните неколку денови го фалеше лидерот на СДСМ за најавената оставка и велеше дека тоа е знак на голем лидер.
"OSTAVKA DA DADES POSLE NESTO VAKVO E DOBLESNO! AKO NE DADESE KE BESE IST KAKO SITE. AMA VAK DOKAZA DEKA NE E! TOA E COVEK SO STAV! COVEK SO MORAL I ETIKA STO ZNAE KOGA DA GO NAPRAVI VISTINSKIOT POTEG! SAMO VISTINSKI LIDERI BI DALE OSTAVKA TUKA, SITE DRUGI BI GLUMELE LUDILO I BI NAPRAVILE SE ZA DA OSTANAT NA VLAST. NO NE I ZORAN! BRAVO GOSPODINE ZAEV!!! KRVNA PLAZMA AKO VI ZATREBA KE VI DADAM! I KEKS PLAZMA AKO VI ZATREBA!" - напиша господинот на еден фејсбук статус пред само неколку денови.
Во овој момент, господинот е збунет, го цица својот прст и чека дополнителни информации за тоа како да се заборави и ова, јубилејно седмо неисполнување на најавена оставка од страна на член на СДСМ.