logo

# Сатира

Човек што гласал ЗА референдумот смета дека е лудо ова што го прави Бугарија!

насловна слика

Не е лесно да си човек што следи политика во 2022. А реално, не е лесно да си човек што следел политика во било која друга година.

 

Ова деновиве го дознава 43 годишниот И.С. од Кисела Вода, човек кој гласал ЗА на референдумот за решавање на спорот со Грција, а деновиве делува премногу разочарано од ова што го прави Бугарија.

 

"Не ми се верува батец. Срамота е комшија да ти се меша во државата бе! Срамота е да ти дава вето ако не направиш некои глупави работи! Ееееј замисли да дозволиш сосед да ти прави вакви ствари!? Срамота!!! Ептен сум нанервиран и разочаран. Баш мислев 2022 ќе биде наша година. Очигледно не. Најпаметно е ЕУ да им свика на Бугарија и да им објасни дека не смеат комшии туку така да се мешаат во уставот и историјата на друга држава. Ова не е нормално и премногу сум разочаран" - изјави И.С. во интервју за нашиот сајт.


Тој вели дека ова е нешто што не смее да се дозволи во 2022 и се надева дека проблемот ќе се реши наскоро.

 

"Срамота!!! Срамота!!!  Разочаран сум  премногу. НЕ СМЕЕ ОВА ДА СЕ СЛУЧУВ А! ЕУ Е СОУЧЕСНИК ВО ВАКВОТО ОДНЕСУВАЊЕ! ЕПТЕН СУМ РАЗОЧАРАН!!!" - изјави нанервираниот граѓанин кој на прашањето дали ќе гласа на иден референдум со кој официјално Република Западна Бугарија ќе влезе по 532 пат во ЕУ одговори со "Фала богу! Не сум ја некој затуцан националист што смета дека е лошо ова да се случува. Ма ајде ви се молам. ЕУ секогаш правела паметни работи!"

 

И ние исто господине. И ние ќе гласаме. Не сме идиоти. Ма ајде.

Коментари


Остави коментар