logo

# Сатира

Човек што ги поддржува потезите на Бугарија загрижен дека премиерката на Италија е фашистка!

насловна слика

Како и сите сериозни медиуми во земјава, така и Кооперација испрати свои луѓе на отворањето на културниот клуб "Цар Борис".

 

Атмосферата беше премногу напната, а пред се владееше огромна омраза помеѓу граѓаните, нешто што ние дефинтиивно не го поддржуваме. Сепак, Македонија треба да биде позната по љубезноста и културата, а не по омразата.

 

Ама тоа е, македонче, шо да праиш, глупо, затуцано, заостанато, без памет, забегано, злобно, шо да праиш, толку му сече...

 

Сепак, ние успеавме да најдеме и интелигентни луѓе кои имаат прогресивни гледишта. Си направивме одличен разговор и успеавме да дојдеме до позитивен заклучок со еден господин кој го поддржува отворањето на клубот "Цар Борис".

 

"Одлично е ова. Ова е прв чекор кон градење на мостови со Бугарија. Мора да е отвори "Цар Борис" за да стигнеме до ЕУ. А кога си во ЕУ, ништо друго не е битно, сите ќе имаме пари. Ако "Цар Борис" ми донесе ЕУ и 1000 евра плата... зашто да се жалам?" - изјави граѓанинот пред разговорот да ни продолжи за меѓународни теми - "Него виде бе ова у Италија? Ееееј отишле на избори и гласале за фашистка! Еееј фашистка е на власт у Италија! Оваа Џорџа е ептен опасна. Сега нормално, ќе ги лаже Италијаните дека се во ЕУ и дека имаат 1000 евра плата, ама фашизмот е болест на 21-от век!!! Џабе ти е се ако глорифицираш фашист! Се мислам да одам во Италија следново лето да започнеме некоја шар...помара...овај... лилјакова револуција или шо ти знам. Фашизмот мора да падне!" - изјави граѓанинот пред да се упати во непознат правец.

 

Штета, ни за име не го прашавме.

 

 

Коментари


Остави коментар