logo

# Сатира

ЧОВЕК НЕМА ПРИМЕТЕНО ДЕКА ЈА ЧИТА ПРОГРАМАТА ОД ЛОКАЛНИТЕ ВО 2000

насловна слика

Браво! Во време кога луѓето се поретко читаат, 53 годишниот К.Е. овие денови ги поминува опуштајќи се со топло кафе и добра книга.

 

Книгата е "Ветувања за локални избори 2000", но поради проблеми со видот, господинот помислил дека чита ветувања за локалните избори во 2021 година.

 

"А бе видете, јас читав... читав... читав... и баш убаво пишуваше. Дури си реков дека најверојатно ќе излезам да гласам. Убави работи ветуваа. Пишуваше дека ќе се градело соживот со Албанците во градот, дека во ЕУ ќе сме влегле кај и да е, дека ќе имало нови базени, нови спортски терени, нови градинки, нови игралишта, почист воздух, повеќе дрвја... нешто  мислам пишуваше и за ДУП? Тоа ДУП не ни знам што е, ваљда името на партијата. Ама ипак, си реков "Браво, овој ќе го гласам", и тамам бев спремен да излезам кога... приметив дека ја читам програмата од 2000! И чудно ми дојде, дека знам пред некој ден на вести истите работи ги ветуваа... од кај да приметам дека читам стара програма и стари ветувања? Поприлично свежо ми делуваа ветувањата..." - вели К.Е. кој вели дека за прв пат се посомневал дека нешто не е во ред кога во програмата прочитал дека нема да има двојазичност во градот и дека само теоретичари на заговори ги плашат граѓаните, ама не му текнало од прва да си поврзе дека чита стара програма со стари ветувања.

Коментари


Остави коментар