Браво!
Владата уште еднаш покажа дека се грижи за хуманите вредности и дека секогаш ќе ја стави човечноста пред се останато!
Имено, Владата избрка неколку фамилии кои пред неколку месеци пристигнаа во земјава од Авганистан. На местото на овие бегалци од воена ситуација, ќе дојдат бегалци од Украина, каде што исто така има воедна ситуација.
Владата вели дека се решиле за овој потег откако сфатиле дека Авганистанците се демоде, и само грижа за Украина носи поени во јавноста овие денови.
"Човечноста пред се! Мора да примиме бегалци од Украина. Арно ама, бидејќи сме мала држава и нема каде да ги чуваме... решивме да избркаме пар бегалци од Авганистан. Авганистанците може да прават што сакаат, нивните проблеми се демоде. Сега се грижиме за Украинците. Владата може да им вети на сите бегалци од Украина дека ќе се грижи за нив. Нели, се до следната голема криза кога ќе треба да прибереме бегалци од Азербејџан, Ерменија, Тајван или што ти знам таму. Е тогаш ќе ги избркаме овие од Украина на сметка на новите бегалци кои ќе ни донесат поени од јавноста. Како што рековме - Човечноста пред се!" - изјави портпарол на Владата.