logo

# Сатира

ЧОВЕЧНОСТ И РАЗБИРАЊЕ ПРЕД СЕ! СДСМ ЈА ПРАЌА ДАНЕЛА ДА ПРЕГОВАРА СО БУГАРИЈА! БРАВО!

насловна слика

Поминаа деновите кога омразата и протестите владееја во држвата! Владата на СДСМ секој ден потврдува дека човечноста, разбирањето, хуманоста и желбата за подобро утре е нивна нишка водилка во животот!

 

Ова се потврди уште еднаш, откако тие, само ден после откривањето дека Данела Арсовска има Бугарски пасош, решија да ја пратат до Софија!


Откако госпоѓата Софија потврди дека се е во ред со Данела, тогаш СДСМ ја прати Арсовска во Бугарија, каде што таа ќе ја претставува партијата на преговори со Бугарската влада.

 

"Зошто да ја мразиме или да пробаме да ја победиме на избори кога може да бидеме човечни? Пред неколку години извадила пасош од Бугарија? Е ако де? До кога ќе се замараме со минатото? Ај ако не, да земеме и предмет "Историја" да воведеме во училиштата? Хахаха... Се знае. Одиме напред. Се обединуваме против ВМРО! Затоа, има ли подобар начин од обединување против ВМРО со викање на кандидатка поддржана од ВМРО да оди и да преговара за неустсавни и нелегални промени во историјата и законите на нашата земја? Секако дека нема! Е затоа ќе победиме!!! Дека сме луѓе! Човечни! Хумани! Полни со емпатија!" - изјави преставник на СДСМ за нашиот сајт.

Коментари


Остави коментар