logo

# Сатира

ЧЛЕНОВИ НА ДПМНЕ ГИ УКРАЛЕ СКАФАНДЕРИТЕ НА БИСЕРА?!?

насловна слика

Само ден откако неколку пратеници на ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе гласаат во скафандери на четврточната седница на собранието, дојде и вест дека од плакарот на Бисера Костадиновска Стојчевска снемало пар скафандери која таа ги чувала цела година за "црни денови".

 

Пратеничката од СДСМ се сомнева во пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и смета дека тие, доцна во вечерта, со помош на руски хакери и ги украле скафандерите!

 

"Претпоставувам дека тие ми ги украле. Ќе ги видам во четврток на седница кога ќе дојдат. Одма ќе си ги познаам скафандерите! Мислам еееј, дали ви се верува дека некој со скафандери би влегол  да гласа на седница???? АЛООО КАЈ ГО ИМА ОВА???" - ни напиша Бисера во фејсбук порака, а кога ја потсетивме дека и таа самата гласаше облечена во скафандер (а Коста Петров ја пофали за тоа како да е најголема жена херој) таа не остави на seen.

 

По некоја случајност, ист одговор добивме и од двајцата пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои ја исмејуваа и напаѓаа Бисера за нејзината одлука пред неколку месеци, а сега и тие самите планираат да се појават во Собранието на РМ облечени во скафандери.

 

Најверојатно им снемало струја и затоа не ни одговориле на фејсбук. Најверојатно.

Коментари


Остави коментар