logo

# Сатира

Член на СДСМ исфрлен од партија оти на ФБ имал рамка „Заокружи ме и мене“

насловна слика

Ранко Ц. од скопско Студеничани, долгогодишен член на СДСМ, утрово добил известување од своите сопартијци дека е исфрлен од сите органи на партијата, откако владини хонорарци задолжени за акумулирање и анализирање на Фејсбук профили, забележале дека на неговата профилна слика има рамка „Заокружи ме и мене“.

 

- Иако се трудев да објаснам дека рамката на профилната слика ми ја намести внукот од Германија во 2015 за да дадам поддршка на тогашните протесто, не наидов на разбирање во партијата. Тие инсистираа дека сум ја прекршил партиската дисциплина и сум покажал пркос кон лидерот, па морав да ја предадам тазе ажурираната членска и да гледам како пред мои очи се топи пластиката, а со неа и секаква надеж за вработување. Подобро да ме стрелаа! – рече Ранко во краткиот разговор за Кооперација.

 

Тој испрати апел до сите што се разбираат во компјутери да му помогнат да ја отстрани рамката од профилната слика пред да поднесе жалба на одлуката за исфрлање и да му отворат профил на MySpace и mIRC за да избегне вакви недоразбирања во иднина.

Коментари


Остави коментар