Во редакцијата на Кооперација пристигна мејл од страна на еден член во невладина организација во државава, кој вели дека е шокиран од тоа што бегалците од Авганистан дошле во земјава со солзи во очите.
Го пренесуваме мејлот во целост:
"Еј, брат.. ја сум... види, ај постирај го мејлов на сајт, ми дојде едно ептен неубаво чувство кога ги гледав овие бегалциве, па да споделам.
Не знам, виде ти?
Плачеа.
Ги прашав зашто плачат.
Ми рекоа дека им фалел Авганистан, нивниот дом, нивната држава, нивната нација.
АЛООО!!! До кога со овие заостанати муабети бе? Сите нации се измсилени! Сите држави се измислени! Не постои такво нешто како дом. Ете, вчера бил у Авганистан, сеа ќе биде у нашата земја.
Не сфаќам зошто луѓето вака се поврзуваат со домови и нации.
Пробав да му објаснам на еден дека е глуп, заостанат, затуцан националист, но после почна да ми збори дека му недостасува и мајка му која останала во Авганистан.
АЛОООО
МАЈКА Е ИЗМИСЛЕН КОНЦЕПТ! ИСТО КАКО И НАЦИЈА!
Мајка му еднаш имала секс и после 9 месеци се родил. Не дека она го бирала. Не дека она го купила од негде. Не дека баш она сакала вака да изгледа.. чиста случајност е тоа што се родил кај неа и во оваа држава.
До кога бе на овие заостанати шупаци ќе им фалат вакви замислени концепти како држава, нација, идентитет или родители? Родители бе... демек сам си ја бирал државата? Сам си ги бирал родителите??? Ма ајде... заостанато...
Пробав и да му го сменам името, ама он ми кажа дека ќе си го задржи своето - Абдула, по дедо му.
Идиот. Демек дедо му го одбрал? А бе фамилија, идентитет, нација... све тоа измислени концепти се... името сам си го одбрал? Не! По дедо му го добил уште кога бил бебе....
Срамота еј, ептен затуцани овие од Авганистан, не знам зашто плачат жими се, ќе спомнам после у влада, дека знаеш, ние невладини си имаме со влада... ќе спомнам, ќе кажам да не примаат вакви заостанати фаци што се ложат на измислени концепти...
Ај, се глеаме после на кафица, ќе ти вртам.. вакциниран си ти така? Уствари и да не си, го знам газдата, другарче ми е, ќе те внесеме, уживај не се замарај. Ај, одам нешто да пратам апликација за еден проект, нешто грант добар ќе даваат. Ае, се глеаме после, ќе ти вртам."