Екипата на Кооперација.мк со голема чест и осоебено задоволство сака да ви го пренесе следниот мејл кој го добивме од еден член на македонска невладина организација.
Сите мисли негови, а ние само го пренесуваме мејлот во целост.
"До кога бе? До кога? До кога ќе не зафркава власта? Плаќаат медиуми! Вршат пропаганда! Ги напаѓаат сите што се малку критични спрема нив како платеници и ги нарекуваат со секакви фрази! Не почитуваат ни устав, ни избори ни ништо. Само лажат, крадат и се потсмеваат со народот!
До кога ќе им го дозволуваме ова?
Ова е типичен режим во кој се оцрнува секој со критична мисла, а нивните симпатизери веднаш заштитнички се однесуваат спрема партијата и секоја нивна одлука!!!
Млади, разбудете се!!!
Не е "кул" да "не се замараш за политика" - баш напротив!!!
Ако вие ќутите за секој еден лош закон, за секоја една погрешна одлука, за секој лош потег на претседателот или премиерот кој е од истата партија како и претседателот тогаш вие сте дел од проблемот! Ако ќутите за неправдите од страна на владата и нивниот коалиционен партнер ДУИ тогаш вие помагате во криминалот на владата и нивните партнери!!!
Затоа, ајде сите заедно да бидеме критични кон власта! Да знаат дека нема да им пројде!!! Дека ќе ги потсетиме на се што ветиле! Дека ќе ги потсетиме на се што потпишале!!! Дека нема да ќутиме! Дека ќе почнеме да се "замараме" со политика!!! Дека нема да им се плашиме на нивните симпатизери кои со страв пробуваат да ве замолкнат на социјалните мрежи!!! И да, средношколци и студенти... знам дека ќе кажат дека сте платеници и дека опозицијата ве плаќа... ама тоа е бидејќи тие знаат дека фактите не се на нивна страна! Не се плашете! Кренете се против неправдата млади и стари!!!"
За крај, само сакаме да упатиме огромно жалење и длабоко се извинуваме кон авторот на овој мејл. Поради автоматското филтрирање на мејловите, оваа порака ја пронајдовме во нашиот "junk mail folder" каде оваа порака стоела од 2014. Се извинуваме што доцниме седум години со објавуавње на оваа порака, но веруваме дека авторот ќе биде задоволен што оваа порака ја објавуваме сега, бидејќи сепак ова е бесконечна порака што се гледа дека е напишана од срце на вистински правдољубец.
edit: 5 минути после објавувањето на оваа порака, добивме нов мејл од страна на авторот на претходната порака. Овој пат, горди сме да кажеме дека веднаш ја видовме оваа порака и веднаш ќе ја објавиме:
"Kopilj eden, te znam kaj si, znam koj te plakjaat, ne se smeshen, sigurno te plakjaat levica ili vmro ili integra ili.. nekoj te plakja, te znaeme koj se, ko ke te fatime ima koskite da ti gi iskrshime, odma da si go trgnal mejlot, tebe ich kur da ne te boli vo 2014 sto sum mislel, gomno edno, ke te fatam avtobus koga cekas ke vidis ti"