logo

# Сатира

Член на ДУИ фатен како краде народни пари: МВР го ослободи оти користел платнена торба при кражбата

насловна слика

А.А. висок функционер на најголемата зелена партија во земјава, ДУИ, синоќа бил жив фатен како од сефот на Министерството за политички систем (МПС), во кое и бил вработен, краде поголема сума девизи по што веднаш бил приведен од полицајците кои биле повикани на местото на настанот.

 

- Синоќа, во доцните вечерни часови, чуварот на Министерството за политички систем го затекнал лицето А.А. при обид да изнесе 300 000 евра и ги алармирал надлежните органи. Дежурна екипа од МВР излезе на терен за да направи истрага и откако е утврдено дека се работи за посветен еколог, кој редовно користи платнена торба, господинот е ослободен со извинување. – се вели во соопштението на МВР.

 

Како што дознаваме, посветеноста кон природата од страна на функционерот на ДУИ ќе биде дополнително наградена, па така тој покрај функцијата во МПС ќе може да ги задржи средствата кои гии отуѓи и ќе биде назначен за Национален координатор за екологија.

Коментари

tjhi0luzaVnWEjFgQOvZmCndY4AuT4bvBfTgumrj

а да го префрлат у Народна банка, на позиција главен кључар на трезорот, а? Чисто како идеа од поддржувач нс зелените…


Остави коментар