logo

# Сатира

ЦИПРАС: ДА БЕШЕ ЗАЕВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УКРАИНА ОВА НЕМАШЕ ДА СЕ СЛУЧИ!!!

насловна слика

Очигледно е дека светот западна во сериозна криза откако Зоран Заев се повлече од премиерската позиција во нашата држава.

 

Овој став го дели и Алексис Ципрас кој на својот твитер профил напиша дека целата ситуација со Русија и Украина ќе беше спречена ако Зоран Заев беше претседател на Украина, факт со кој екипата на Кооперација 100% се сложува.

 

"Ех Зоране. Фалиш. Се надевам дека си на подобро место. Нели, знам дека си жив, ама онака, другарски. Фалиш и се надевам дека си поминуваш добро. Ја гледам ситуацијава со Украина и Русија и не можам а да не забележам дека ти да беше претседател на Украина немаше ова да се случи. Уште одма ќе потпишеше дека ДНР и ЛНР се независни и плус ќе направеше уште неколку добри работи кои ќе го задоволеа Путин и народот на Русија. Ќе решеше сериозен конфликт без ниту еден испукан пиштол, без ниту една експлозија, без ниту една жртва. Ќе спречеше војна со пенкало!" - беа зборовите на Ципрас за Заев.

Коментари


Остави коментар