logo

# Сатира

Четврти ден во земјава: Коронавирусот се зарази со сиромаштија

насловна слика
Четири дена живот во Македонија беа доволни за македонскиот коронавирус да ја префати најраспространетата и најчеста болест во земјава – сиромаштијата. Првите симптоми на болеста му се јавиле уште вториот ден, кога имунитетот му опаднал поради лошата исхрана, а состојбата нагло му се влошила третиот ден, кога и решил да се пријави во Заводот за социјални работи. Откако од таму бил одбиен, во моментов се наоѓа во критична состојба и единствено нешто што го одржува во живот се апаратите, кои во секој момент можат да му бидат исклучени поради неподмирени долгови кон ЕВН.

Коментари


Остави коментар