Дефинитивно лидерот на ДУИ не очекуваше ваква вест денеска!
Владата едногласно изгласа цензурирање на Али Ахмети, откако јавноста дозна темни детали од неговото минато!
Имено, беше откриено дека во младоста, кога тој имал само 10 години, Али Ахмети бил поканет на роденденска забава. На роденденската забава присуствувале неговите пријатели од неговото основно училиште. Се делува во ред до тука, но проблемот настанува кога се дознава дека детето што го славело роденденот имало тетка што живеела и работела во Русија!
"Не сме сигурни дали Али Ахмети бил близок пријател со детето или не. Ама Ахмети отишол на роденденот на неговиот соученик кој имал роднина која живеела во Русија. Да не ве потсетувам, сите знаеме што се случува со Русија деновиве. Затоа, немаме избор освен да го цензурираме Али Ахмети. Неговото мрачно минато не смее да помине не казнето." - изјави Димитар Ковачевски.
Казната ќе започне следната недела, а таа изнесува тримесечна цензура на најголемите песни на Али Ахмети на македонските радио станици.