Нов ден - нова причина зошто да бидете среќни што живеете во државава!
Имено, владата ги утеши загрижените граѓани поради зголемената цена на голем дел од прехранбените производи со објаснувањето дека не се цените големи, туку килажата на граѓаните.
"Две години беше пандемија. Сите седиме дома. Не излегуваме никаде. Логично е некое килце да имаме качено. И како ќе се намали вишокот на килограми? Со помалку јадење - логично! Затоа, со поскапените цени веруваме дека ќе го намалиме внесувањето на калории на просечниот граѓанин, а со тоа очекуваме повеќе од милион граѓани да ги изгубат масните наслаги, а со тоа и да бидат поздрави! Чекор по чекор - го враќаме здравјето кај граѓаните!" - се вели во соопштение на владата.