logo

# Сатира

ЦЕЛТА НА УМЕТНИКОТ Е ДА ЈА КРИТИКУВА ВЛАСТА, ОСВЕН АКО НЕ ГО ПЛАТАТ ЗА СПРОТИВНОТО

насловна слика

После долгогодишна анализа, неколку интервјуа со експерти и останати работи што се потребни за да се стигне до одреден заклучок - екипата на Кооперација дозна зошто дел од уметниците што со години велеа дека целта на уметникот е да биде критичен на власта без разлика на се, одеднаш станаа поприлично политички определени и го заборавија мотото што тврдеа дека е главна цел на уметникот.

 

Имено, нашето долго истражување дојде до заклучокот дека #1 правило на секој уметник е - "Биди критичен на власта... освен ако не те платат за да го правиш спортивното", правило кое што важело уште од памтивек.

 

Еден познат македонски уметник ни кажа "А бе види батец сеа, убаво е да си интелектуалец и да имаш интегритет... ама тоа нема да ти купи бифтек во странски ресторан. Затоа, ќути си. Мора ли цело време да критикуваш? Ќути си, кажи некој збор на пар месеци колку да не си без ич, ама онака суптилно... и после за 5-6 години ќе бидеш пак гласен кога ќе паднат нашиве. Извини, дали кажав "нашиве"? Мислев... овие бе... шо се на власт... ја неам ништо со нив. Ни пари, ни врски ни ништо, Ама... еве бе, и да имав? Што ако? Не е лошо некој денар, а? Башка... како уметник треба да знаеш дека не е убаво да се суди. Земи, размисли, можда некои работи се у ред? Од кај знаеш? Не е целта само да се праиме паметни цело време..."

 

Екипата на Кооперација целосно се сложува со ова мислење, но како екипа на не-уметници туку обични идиоти со вишок време и работа ќе продолжи да биде критична кон власта, без разлика дали тоа е едната страна во комбинација со терористи од УЧК или пак другата страна во коалиција со терористи од УЧК.

 

Коментари


Остави коментар