logo

# Сатира

ЦЕЛА ФАМИЛИЈА СОБРАНА ГО ОЧЕКУВА СТАТУСОТ НА ГРУЈО ЗА ОСМИ СЕПТЕМВРИ!

насловна слика

ВОНРЕДНИ ВЕСТИ!


Фамилија од Скопје веќе цело утро е седната и со нетрпеливост го очекува фејсбук статусот на Никола Груевски за 8 септември.

 

"Да, да, сите сме спремни. Им купив iPad и на децата за и они да читаат. Го чекаме статусов уште од Велигден. Прочитав "Војна и Мир" и уште неколку томови од класична руска литература за подготовка. Дури и одмор земав на работа пар денови за читање на статусов. Ќе биде интересно, едвај чекам!" - вели Перо Митревски, патријархот во фамилијата Митревски.

 

Како што велат од семејството, овој ден ќе го поминат со кифлици, пиво, вино и ракија и дека не знаат кога ќе биде следниот огромен статус на Груевски.

 

"Мислиме дека ќе биде за Нова година. А можеби и за Божиќ. А можеби и Бадник? А што ако следниот долг статус на Груевски е за локалните избори? Не се знае, затоа мора секој негов статус да  биде пречекан вака, во фамилијарна атмосфера." - изјави Лилјана Митревска, сопругата на Перо.

Коментари


Остави коментар